“Симпсонови“ го обесија портпаролот на Белата куќа

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Креаторите на култната анимирана серија “Симпсонови” направија специјална епизода, кој ќе покаже што се случува со ликовите и САД по првите 100 дена од претседателството на Доналд Трамп. Во серијата Белата куќа повеќе личи на огромен имот опседнат од духови, портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер се обесил, а на костимот му е закачена белешка со натпис “Давам отказ”, а советничката на Трамп Кели Конвеј преплашена вели “О, нема да го заземам неговото место! “.

На вториот кат американскиот претседател лежи во чудесен кревет полн и со книги, на кои гледаме наслови како “Мала книга за големи бомби” и “Да се убие нешто убаво”. Косата на американскиот претседател всушност е куче кое си почива и од време на време се размрдува за да се намести подобро.