Симптом на ковид-19 кој започнува на првиот ден од инфекцијата и трае до 7 дена

од Stefanija Kuzmanovska
496 прегледи

Новиот бран на коронавирусот продолжува да се шири, а сето тоа поради омикрон соевите BA.4 и BA.5, кои вешто го заобиколуваат имунитетот и на вакцинираните и на оние кои заболеле од вирусот.

Најновите подваријанти на вирусот се покажаа како попреносливи од нивните претходници и покрај големиот број вакцинирани луѓе.

Симптомите на вирусот се нешто поблаги отколку кога започна короната, а во новиот бран често се пријавува еден симптом, пренесува „Експрес“.

Апликацијата основана од тимот на истражувачи „ZOE“ во Велика Британија, која ги следи симптомите на болните, откри дека дијареата е многу чест пријавен симптом на новиот вид корона.

Има зголемување на бројот на луѓе кои пријавиле дијареа како симптом на инфекција.

– Дијареата може да биде ран знак на Ковид кој започнува на првиот ден од инфекцијата и се зголемува во текот на првата недела. Обично трае два до три дена, но кај возрасните може да трае и до седум дена – велат од тимот „ZOE“.

Тие додаваат дека иако се чини дека дијареата е помалку застапен симптом кај секој нов вид на вирусот, таа сепак е многу честа појава и може да биде еден од раните показатели за инфекција.

За време на првиот бран кога беше присутен алфа сојот на вирусот, речиси една третина од возрасните пријавија дијареа како симптом на инфекција со ковид.

Слични содржини