Симптоми кои укажуваат на недостаток на магнезиум во организмот

од Stefanija Kuzmanovska
662 прегледи

Магнезиумот е многу важен за човечкото тело бидејќи е вклучен во повеќе од 300 витални метаболички процеси во телото. Тој е осми најчест минерал на Земјата и трет најчест минерал во морската вода, по натриумот и хлоридот.

За нас најважен факт е дека тој е четвртиот најчест минерал во човечкото тело. Најмногу го има во коските и забите, односно околу 60 и 65 отсто, остатокот е во мускулното ткиво и клетките, а еден отсто во крвта.

Магнезиумот помага во стимулирање на метаболичките процеси, вклучително и ослободување на енергија од храната и нејзино пренесување низ телото, а учествува и во формирањето на протеините.

Освен тоа, магнезиумот помага во процесите кои го контролираат функционирањето на мускулите и нервите, ги одржува здрави коските и срцето и нормалното ниво на шеќер во крвта и игра важна улога во зголемувањето на енергијата.

Знаци на недостаток на магнезиум во телото

Бидејќи телото го компензира недостатокот на магнезиум со негово извлекување од коските, долготрајните периоди на недостаток се опасни. Ова се некои од главните симптоми на недостаток на магнезиум:

* главоболки
* мигрена
* замор
* поспаност
* нервоза
* вртоглавица
* болки во мускулите и грчеви.

Слични содржини