Според неодамнешното истражување спроведено од истражувачи од болницата Џонган од Универзитетот Вухан, сличен модел на симптоми е пронајден кај 140 пациенти кои биле позитивни на вирусот и била откриена приближна временска низа на симптоми.
Истражувањето сугерираше дека околу 99 проценти од пациентите имале висока температура, а повеќе од половина се чувствувале уморно и имале сува кашлица. Околу една третина имале и болки во мускулите и отежнато дишење.
Еве временска рамка што покажува како се развиваат симптомите кај повеќето пациенти:
Ден 1: Првиот симптом на коронавирус обично се појавува во форма на треска. Некои може да доживеат замор, болки во мускулите и сува кашлица, а мал број имаат дијареја или гадење ден или два пред тоа. Овие симптоми обично траат четири дена.
Ден 5: Пациентите може да страдаат од болка во градите и тешкотии при дишењето – особено ако се постари или веќе имаат некоја хронична болест.
Ден 7: Според студија на Универзитетот во Вухан, за овој ден се одлучува дали пациентот треба да биде хоспитализиран или може да остане во самоизолација.
Ден 8: Синдром на акутен респираторен дистрес (ARDS), болест во која течности се акумулираат во белите дробови, се развива на овој ден кај сериозно болни луѓе од Ковид.
Ден 10: Ако симптомите продолжат да се влошуваат на 10-тиот ден, пациентот најверојатно ќе биде примен во единицата за интензивна нега. Овие пациенти веројатно имаат посилна абдоминална болка и недостаток на апетит отколку кај поблагите случаи.
Ден 17: Обично на овој ден луѓето кои се опоравуваат или имаат лесни симптоми се отпуштаат од болницата.
Иако научниците и медицинските истражувачи сè уште работат на развој на клинички одобрена вакцина, потребно е да се биде буден и да се придржува кон пропишаните мерки со цел да се запре ширењето на вирусот. Покрај тоа, ако се чувствувате заразени или имате симптоми, препорачливо е да се изолирате од другите најмалку две недели или додека тестот не утврди дека сте негативни, пренесува E-Times.