Симптоми на воспаление на јајниците на кои треба најмногу да обрнете внимание

од Stefanija Kuzmanovska
607 прегледи

Воспалението на јајниците е најчесто кај жените помлади од 25 години.

Една форма на инфламаторна болест на карлицата е воспаление на јајниците. Воспалението се јавува кога ќе се подигнат микроорганизмите од долните делови на женскиот репродуктивен систем и е една од најчестите причини за ванматерична бременост и неплодност, како и хронична карлична болка.

Иако може да влијае на жени на која било возраст, најчесто се јавува кај жени помлади од 25 години, пренесува Science Direct.

Многу жени не знаат што всушност води до воспаление. Истражувањата покажуваат дека жените кои често менуваат партнери или не користат заштита за време на интимниот однос имаат најголем ризик од воспаление на јајниците.

Дополнително, сите оние жени кои имале намерно прекинување на бременоста имаат зголемен ризик од воспаление на јајниците и јајцеводите, предупредуваат лекарите.

Како што додаваат, еден од типичните знаци на воспаление на јајниците е блага до силна грчевичка болка во долниот дел на стомакот.

Понекогаш оваа болка може да се засили или да стане поочигледна за време на интимниот однос, што може да биде придружена со крварење, болка при мокрење, жолт исцедок и продолжена менструација.

Слични содржини