Син го пријавил таткото дека пукал со пиштол во два по полноќ

од Nikola Popovski
70 прегледи

Пензионер бил пријавен од страна на неговиот син дека пукал со пиштол, информираат од Тетовската полиција. Синоќа во 01.55 часот на улица „116“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.С.(91) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот син Л.С.(66) од Тетово дека пукал со огнено оружје.

Според полицискиот билтен, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и на местото бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.65мм и една рамка со 6 неиспукани куршуми, сопственост на Р.С. кој го поседувал со дозвола, една испукана чаура и еден проектил од испукан куршум.

Слични содржини