272
Син и татко од Росоман се новите случаи позитивни на коронавирус во Тиквешко, за МИА потврдија денеска од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Тие се на возраст од 16 и 41 година. Не знаеле од каде се заразиле. Имаат лесна клиничка слика и се на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти, со цел нивна изолација.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот, потврди дека од почетокот на пандемијата досега, во општина Росоман од Ковид-19 заболеа вкупно четири лица.