Син малтретирал татко, полицијата го уапси

од Nikola Popovski
272 прегледи

Уапсен 29-годишен неготинец кој го малтретирал својот татко, информираат од МВР.

На 10.01.2024 во 15.20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Н.(29) од неготинско село, по пријава од неговиот 51-татко, затоа што, според пријавеното, во семејната куќа физички го малтретирал и му се заканувал.

М.Н. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини