Син си го убил својот татко во семејниот дом во Скопје, информираат од МВР.
-Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 16 часот го лишиле од слобода А.П.(28) од Скопје поради основи на сомнение дека со остар предмет во семејниот дом го убил својот татко Б.П.(75), пренесува полицијата.
Екипата на Итна помош констатирала смрт, додека од МВР велат дека работи на целосно расчистување на случајот.