МВР информира дека син си го убил својот татко во скопски Бутел.
Според полицијата, во текот на денешниот ден во 11.34 часот од полициски службеници од СВР Скопје лишен е од слобода Б.Ј.(52) од Скопје, кој во својот дом на подрачјето на Бутел со нож му нанел убодна рана на својот татко В.Ј.(75).
Тој бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ каде што од страна на лекар е констатирана е смрт. По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесен соодветен поднесок.