
Братучед на кралицата Елизабета II “излезе од плакарот” – тој раскажа за својата нетрадиционална сексуална ориентација. Излезе дека лорд Ивар Маунтбатен е бисексуалец. Ова е прв ваков случај во историјата на кралското семејство, пишува Daily Mail.53-годишниот лорд раскажа дека ја сфатил својата нетрадиционална ориентација уште додека бил млад, но тогаш решил да се спротивстави на привлечноста кон момчињата. Во 1994 година тој се жени за Пенелопе Томпсон. Таа знаела за неговата бисексуалност.

“Јас нејзе иреков дека сум бисексуалец дека ме влече и кон двата пола. Таа ме разбра, секогаш ќе сум и благодарен за тоа “, раскажа тој.
Двајцата имаат три ќерки. Во 2011 година семејството се разделува. Во моментов Маунтбатен се среќава со директор на воздухопловна компанија Џејмс Којл.