Синадиновски: ВМРО-ДПМНЕ нема конкурент во Општина Аеродром, ниту во Левица ниту во СДСМ

Во Општина Аеродром се очекува кандидат да биде в.д. градоначалникот Дејан Митевски, истакна координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром

од Љубиша Владимиров
2,K прегледи

Обвинувањата на опозицијата се празни. Само во овој мандат во општина Аеродром се изградени три градинки: едната е во Ново Лисиче, втората во Населба Лисиче, а третата е во Аеродром. Реновирани се четири училишта, а дополнително на тоа се изградени игралишта кои може секој да дојде и јас лично да ги прошетам и му ги покажам, изјави за „Локално“ советникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Аеродром, Стефан Синадиновски.

Тој нагласи дека се очекува иден кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина да биде сегашниот в.д. градоначалник Дејан Митевски, кој, според координаторот во советот, е најдобар избор за таа позиција.

„Кај нас во Општина Аеродром се очекува кандидат да биде в.д. градоначалникот Дејан Митевски. Тој, според мене, е најдобар избор за општината, и друг кандидат немаме освен него“, изјави Синадиновски.

Синадиновски нагласува дека главен фокус на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во програмата за општината ќе бидат унапредувањето на училиштата, градинките и комуналните проблеми со кои општината се соочува.

„Фокус ќе се даде на унапредување на училиштата, градинките, комуналните проблеми на општината, а паркингот исто така ќе биде главен фокус.“

Според Синадиновски, обвинувањата на опозицијата се без никаква основа, бидејќи, според него, и претходниот градоначалник и сегашен министер за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, но и сегашниот в.д. градоначалник Митевски, работеле на унапредување на општината, што, според координаторот во советот, било видливо во самата општина и граѓаните тоа го препознавале.

„Обвинувањата на опозицијата се празни. Само во овој мандат во општина Аеродром се изградени три градинки: едната е во Ново Лисиче, втората во Населба Лисиче, а третата е во Аеродром. Реновирани се четири училишта, а дополнително на тоа се изградени игралишта кои може секој да дојде и јас лично да ги прошетам и му ги покажам“, изјави Синадиновски.

Синадиновски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде апсолутен победник на следните избори и тој не гледа конкуренција во ниедна опозициска партија, бидејќи, како што нагласува, последните избори ги добиле со 18.000 разлика во оваа општина, за што сега имаат 17 советници.

„ВМРО-ДПМНЕ нема конкурент во Општина Аеродром, ниту во Левица ниту во СДСМ. Во Советот на општина Аеродром, Левица и СДСМ имаат четворица советници, од кои двајца им се коалиција, а ние сами имаме 17 советници, а на последните избори разликата од 18.000 гласови ја добивме во корист на ВМРО-ДПМНЕ“, завршува Синадиновски.

Д.Ѓ

Слични содржини