Синди Крафорд приготви големо изненадување за своите фанови. Супермоделот, заедно со брендот Re / Done, создаде колекција The Crawford во која се презентираат фармерки и блузи.
Специфичното е дека тие се создадени од преработени материјали од стари фармерки, забележува OK Magazine.
За да ја промовира новата колекција, Синди се појави со доста предизвикувачки фотографии.
51-годишната бринета изгледа во совршена форма. Фармерките чинат од 240 до 328 долари, а маичките се продаваат по цена од 260 долари.
Видете ја Синди во галеријата.