1 Мај е! Синдикални маршеви на денот на трудот

од desk4

Сојузот на синдикатите на Македонија повикува на синдикален марш по повод одбележување на 1  Мај – Меѓународниот ден на трудот и 110 години синдикално движење во Република Македонија.

Синдикалниот мраш е најавен да започне пред зградата на ССМ во 10:30 часот. Синдикалците ќе маршираат под мотото „Патиштата се различни, целта е една!“

И независниот синдикат на новинарите и медиумските работници ги повикаа нивните членови да учествуваат на првомајскиот протест со кои ќе се бара итно да се реши проблемот со условите за работа на новинарите и медиумските работници.

На протестот ќе се придружи и Партијата Левица, од каде велат дека на 1 мај треба да се крене гласот против неправди, а не да се слави. Конфедерацијата на слободни синдикати во Македонија иако оценува дека социо економската ситуација е тешка, информираа дека нема да излезат на протести и дека очекуваат преговори со Владата.

Празникот Први мај е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот во 1886 година во Чикаго. На овој штрајк работниците се избориле за утврдување на 8-часовното работно време.

Слични содржини