Синдикатите упатија критика за моменталната состојба на работничките права

од Vladimir Zorba

Сојузот на синдикати по многу години излезе на марш на денот на трудот и заедно со синдикатите вклучени во Повелбата за солидарност покажаа дека несогласувањата може да се надминат ако цел се правата на работникот. Претседателот на ССМ најави враќање на довербата во синдикализмот и вети дека Сојузот ќе се справи со сите кои ќе се обидат да ги газат работничките права.

„Работниците се принудени да прифатат неповолна работа само за да ги задржат работните места. Затоа ние сме тука јасно да укажеме дека ќе се справиме со сите оние кои ќе ги газат интересите на работничката класа.“ – изјави Дарко Димовски – Претседател на ССМ.

„Морам да го констатирам дека фактот дека владата која најави дека ќе ја урне оградатра, не само што ја задржа, туку и министерот и даде наредба на полицијата да не ги пуштат работниците во дворот да простстираат, само претседателите на големите индикати кои во овоој момент седат со Заев во кабинетот.“ – изјави Тамара Чаусидис – Претседател на ССНМ.

Денеска, на покана на Владата, претставници на синдикатите учествуваа во работата на Социјално економскиот совет по која се приклучија и на прес конференцијата која се одржа во Владата. Владата им се извинува на претставници на синдикатите доколку на некои од нив им бил попречен влез, а тие уредно најавиле дека треба да присуствуваат на работна средба. Воедно, укажуваме дека ќе побараме од МВР да ги провери околностите под кои се случило недоразбирањето.“/24.вести

 

Слични содржини