Синдикатот на дипломатите: Новиот шеф да ги укине партиските одлуки за назначување на новите дипломати

од desk3
104 прегледи

Синдикатот на македонските дипломати  очекува новиот шеф на дипломатијата да ги повлече и поништи незаконски донесените партиски одлуки. Според Синдикатот тоа ќе биде  прв чекор кон враќање на достоинството на професијата, откако, според нив МНР незаконски назначи 20-тина нови дипломати во различни дипломатксо конзуларни претставнштва ширум светот.
Синдикат на македонска дипломатска служба:  „Во одредени претставништва избрани се лица, кои учествувале во крвавите настани во Собранието од 27 април, а кои не само што не смеело да бидат избрани, туку против таквите морало да се поведе дисциплинска постапка, паралелно со постапката за кривично гонење.“ 
Министерство за надворешни работи: „Покрај разбирливата намера од поединци да се политизира секоја можна прилика, цениме дека е некоректно политичкото етикетирање на колеги кои во оваа и во бројни претходни прилики биле упатувани во дипломатско-конзуларните претставништва. Овој начин на избор за упатување во дипломатско-конзуларните претставништва е редовна пракса која се врши согласно прецизни процедури.
Вака изгледа судирот  меѓу Синдикатот и Министерството за надаворешни за новоназначените дипломати по дипллматско конзуларните претсавништво низ светот. За првите станува збор за 20-на „заслужни партиски кадри кои се избрани преку незаконски распишаните интерни конкурси, од пред еден месец. За вторите дека тоа е вообичаена пракса.