Синерџи фитнес Центар: Стари се снимките од Мицкоски кои се злоуптребени во политички цели

од Берта Китинска

По неовластен пристап и снимање на нашите безбедносни камери, објавени се стари снимки кои беа злоуптребени во политички цели, велат од Синерџи фитнес Центар по обвинувањата од СДСМ дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил во теретаната и во придружба на командантот на „тигрите“.

„Како што веќе знаете, согласно одлуката на Владата, Синерџи фитнес Центар не работи од 13.03.2020 година. Сите наши клиенти имаат еднаков третман без разлика на политичка, верска, расна или социјална положба. Со таа цел во прилог Ви го доставуваме реалниот видео запис од нашите безбедносни камери со точен датум (сабота, 25.04.2020) и време кога наводно сме имале надворешни посетители. Воедно, ги повикуваме сите граѓани и институции кои по било кој основ имаат добиено бесправно стекнати снимки од нашите безбедносни камери да се обратат на било кој начин до МВР или до нас, како поскоро би дошле до вистинските сторители на кривично дело во овој случај, велат од Синерџи фитнес Центар

Слични содржини