Сингапур го фати позитивно туристичко „лудило“ пред средбата Ким-Трамп

од desk2
123 прегледи

Пред самитот на американскиот и севернокорејскиот лидер, Доналд Трамп и Ким Јонг Ун на 12 јуни, домаќинот на овој историски состанок, Сингапур, е во големи подготовки, а особено рестораните и баровите нудат јадења и пијалоци во знак на средбата.

Рестораните нудат пињати Трамп и Ким, а баровите истоимени коктели со црвена и сина боја, пишува Гардијан.

Еден од сопствениците на ресторани во Сингапур рече дека во чест на двајцата лидери ќе подготви јадење и тоа американско говедско, но дека ќе користи корејски специјалитет кимчи, а порциите ќе бидат „американски големи“.

Продавач на коктели со називи Трамп и Ким со насмевка вели дека во моментот подобро се продаваат оние кои го носат името на американскиот претседател.

Жител на Сингапур Ерик Хок Кенг (36) вели дека претстојниот самит е многу големо случување и дека “ние во Сингапур треба да сме горди што нашата мала земја е избрана за дестинација за средба на овие двајца за мировен самит“.

„Спогодбата за мир и за нас ќе биде корисна и се надеваме дека нешто така позитивно ќе се случи и дека тоа ќе биде причина за славје следната недела“, вели Кенг.

Гардијан истакнува дека Трамп во Сингапур не треба да стравува од масовни улични протести кои инаку секаде го дочекуваат, Затоа што во Сингапур Владата забранува демонстрации, а собирање на само 5.000 луѓе се смета за незаконски собир.

Дури и на познатиот австралиски комичар кој е познат по имитирање на Ким Јонг Ун му е речено при доаѓањето во Сингапур да стои на страна од подрачјето каде треба да се одржи средбата.

Пристапот до хотелот „Капела“ во кој треба да се одржи самитот, на малиот остров Сентоси, ќе биде забранет.

Собите во тој хотел може да чинат и до 10.700 долари за ноќ, а во него веќе престојувале ѕвезди како Мадона и Лејди Гага.

Целиот остров е во акција за разубавување на патеките, се бојосуваат коловозните рабници, се отстрануваат лисја од патеките и слично.

Безбедносните бариери веќе се видливи околу Сентоса и жителите се упатуваат како да влезат или да излезат од островот.

Трамп ќе отседне во хотелот Шангри-Ла, а Ким во хотелот Сент Роџерс и подрачјето околу тие објекти е означено какоспецијална зона, но се уште е слабо видливо обезбедувањето.