Синиша Алексовски тврди дека нема вмешаност во случајот „Монструм“

од Vladimir Zorba

По екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, денеска на рочиштето за случајот Монструм сведочи и разузнавачот Синиша Алексовски. Алексовски изјави дека за случајот бил известен од телохранителот на сопругата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов – Маја после полноќ.

Обвинителката Фатиме Фетаи го праша дали некогаш имал контакт со некој од родителите на жртвите, на што Алексов одговори потврдно.

„Првата средба беше во кабинетот на претседателот на државата со цел да ги презентираат материјалите кои ги добиле од лидерот на СДСМ. Од нас побараа помош и да одржуваме комуникација“, сведочеше Алексовски.

Неофицијални средби, додаде Алексовски, имало во домот на Оливер Наќевски, близок роднина на едно од убиените деца.

„На таа средба беше присутен Горан Наќевски кој ме извести за средбата со лидерот на СДСМ и нивниот разговор“, додаде Алексовски.

Според него, имало уште една средба на која што Наќевски изразил загриженост дали ќе се одземе надлежноста на тогашното обвинителство.

„Тоа беше кратка средба и јас не знаев да му одговорам на тие прашања. Други контакти не сум имал со родителите на убиените момчиња“, сведочеше Алексовски.

Фетаи го праша сведокот дали по бараната помош им одговорил на родителите, тој одговори негативно.

Алексовски истакна дека не се познава со обвинетите, но дека од полициска евиденција е запознаен со активностите на дел од нив.

„Во 2009 година, водевме регионални акции за нарушувањевна јавен ред и мир и се правеа листи со лица со соодветна склоност на употреба на оружје, и меѓу лицата кои беа опфатени беше Алил Демири“, посочи Алексовски.

Алексовски истакна дека со Зоран Заев имал две средби за случајот „Монструм“.

„Едната средба беше во кабинетот на претседателот на РМ, и втората во кабинетот на претседателот на владата. Првата средба беше на мое барање, а втората по негова иницијатива. На средбата беше соочен со извештаите и да ни појасни за гласините околу гласините за моја вклученост во случајот. Негираше дека мене лично ме спомнал и дека до него доаѓаат секакви гласини во врска со случајот „Монструм“, изјави Алекаовски.

Тој рече дека Заев не му одговорил од каде му се информациите за инволвираноста во случајот „Монструм“, истакнувајќи дека од Заев побарал да престане да му го злоупотребува неговото име.

И.Р.

Слични содржини