Вечерва бил подметнат пожар во депонијата близу Арачиново, покрај стариот пат кон Куманово. Иако депонијата е оградена и има влезна врата, скопските пожарникари ја затекнале вратата отворена. Пожарот во моментов е локализиран.
-На депонијата во скопско Арачиново е фрлена поголема количина пакуван сончоглед што гори со силен пламен, соопшти синоќа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од депонијата.
Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија се почувствува во делови од Скопје.
„Поради насоката на струењето на воздухот смрдеата од пожарот во оваа депонија најверојатно се чувствува во делови од Скопје. Гаснењето ќе биде сложено бидејќи обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија која е под надлежност на Општина Арачиново“ информираше вчера Ангелов.