Синоќа почувствуван земјотрес во Македонија

од Nikola Popovski
156 прегледи

За 48 часа три земјотреси го погодиле српскиот град Врање. Последниот регистриран земјотрес бил синоќа во 20 часот и 46 минути, со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Освен во Јужна Србија, земјотресот бил почувствуван и во Македонија.

Претходно вчера, земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Србија, а исто така бил почувствуван и во Македонија и во Бугарија.

Вчера во Врање имало уште девет земјотреси со помала јачина.

Нема информации за предизвикана материјална штета.

Слични содржини