Синоќа почувствуван земјотрес во Македонија

Епицентарот бил во северна Грција

од Nikola Popovski
10 прегледи

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчеравечер во 22 часот и 17 минути во западните делови на Републиката, беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од Република Грција, на околу 200 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.0

Интензитетот на потресот во земјава изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека бил почувствуван од дел од населението, без пријавени материјални штети.