Адвокатите на поранешната стриптизета Лунден Робертс побараа во петокот судот во Арканзас да нареди апсење на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, со кој Робертс има вонбрачна ќерка, бидејќи се верува дека Хантер нашол засолниште во Белата куќа за да избегне да му биде врачена судска покана.
Како што пишува „Њујорк пост“, Хантер Бајден не го подобрил исполнувањето на финансиските обврски според барањето од тужбата на поранешната стриптизета Лунден Робертс, мајка на нивната четиригодишна вонбрачна ќерка Нави, поради што адвокатите бараат судот да му одреди притвор.
Робертс смета дека судот треба да му одреди притвор на Хантер Бајден додека тој не ги исполни наредбите на судот.
Робертс (32) на суд докажа дека Хантер е татко на нејзината ќерка, а синот на претседателот минатата година побара намалување на месечната сума за издршка која му била доделена.