Синот на Лукашенко во одбрана на татко му: Има 15 години и носи калашников (видео)

од Nikola Popovski
381 прегледи

Со цел да ги убедат приврзаниците дека нивниот водач воопшто не се плаши од демонстрации и дека апсолутно ништо не се случува на улиците на Белорусија, прес-службата на претседателот Александар Лукашенко објавила видео во кое Лукашенко доаѓа во својата резиденција со пушка во рацете.

Сепак, неговиот син Николај со целосна воена опрема го привлекол вниманието на јавноста.

Николај Коља Лукашенко има само 15 години, а снимките и фотографиите од вчера го прикажуваат како го следи неговиот татко во полна воена опрема, при што во рацете носи калашников.

Многумина ова го толкуваа како знак дека претседателот Лукашенко навистина не верува повеќе на никој, дури ни на војската, и токму затоа тој целосно го опремил својот син за да може да се заштити себе си и неговиот татко.

Синот на Лукашенко е роден во 2004 година, а на крајот на овој месец ќе наполни 16 години. Претходно, снимките од Николај како свири пијано и играа хокеј беа споделени на Интернет, а сега тој го следи неговиот татко со оружје во рацете.

Слични содржини