Синот на Синди Крафорд кој беше фатен како вози пијан, повторно зад воланот

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Синот на Синди Крафорд и Ренди Гербер – моделот Присли Гербер, беше фатен да вози под дејство на алкохол на 31 декември во Лос Анџелес, а на 7 март против него беше подигнато обвинение.

Очигледно, сепак, 19-годишниот наследник на ѕвездата не се грижел посебно, иако му се прети со казна затвор до шест месеци и парична казна од 1.000 долари. Малку е веројатно дека ќе ја отслужи казната, бидејќи му епрв пат, но веројатно властите ќе ја земат возачката дозвола најмалку една година.

Присли беше уловен од папараци како ја вози својата сестра Каја, која штотуку се врати од Париската модна недела. Присли беше снимен зад воланот на неговиот Тесла Модел С 100, и покрај обвиненијата против него.

Слично на познатата мајка и помалата сестра Каја, Присли се оддал на моделската професија и веќе е дел од кампањи за големи брендови како Calvin Klein, Dolce & Gabbana и др,

Фото: X17AGENCY