Синот на Тачи повреден во сообраќајна несреќа

од Vladimir Zorba
135 прегледи

Синот на косовскиот претседател Хашим Тачи, Ендрит Тачи, е повреден рано утрово во сообраќајна незгода на патот Приштина – Урошевац, пренесува „Газета експрес“.

Полицијата потврди дека утрово се случила несреќа во која учествувале три автомобили, пренесува „Косово онлајн“.

„Денес во 5:25 часот, на патот Приштина – Урошевац, на кружниот тек кај полициската станица, се случила сообраќајна незгода во која едно лице е повредено. Случајот го презема сообраќајната полиција“, рече портпаролката на косовската полиција Фљора Ахмети.

Според медиумите, Ендрит Тачи е во добра состојба и бил пуштен по лекарска помош во Универзитетскиот клинички центар во Приштина.

Слични содржини