Синот на Том Хенкс се огласи во врска со обвинувањата дека ја злоставувал девојката

од Stefanija Kuzmanovska

Чет Хенкс, синот на Том Хенкс, се огласи на социјалните мрежи и првпат зборуваше во јавноста откако неговата поранешна девојка Кијана Паркер побара негова забрана за пристап поради наводно злоставување во врската.

Наследникот на актерот објави долга изјава на својот Инстаграм профил во која ги негираше обвинувањата за злоставување, со тврдења дека неговата поранешна девојка само се обидувала да извлече пари од него.

Минатата недела во јавноста се појави видео на кое се гледа како Хенкс и Паркер се расправаат во нивниот дом во Тексас. На видеото, Чет се сними себеси со видлив пресек на неговото чело.

Тој ѝ се развикал на неговата поранешна девојка дека таа се обидела да го нападне со нож, а во позадина Паркер ги негирала обвинувањата.

„Бев предупреден дека наскоро ќе биде објавена приказна за која знаев дека доаѓа со месеци, и тоа беше само еден злобен обид да се изнудат пари од мене и да се изврши атентат врз мојот карактер“, напиша Чет на Инстаграм.

Хенкс неодамна поднесе граѓанска тужба против Паркер, тврдејќи дека таа украла пари од него „за да ги плати патните трошоци за неа и нејзиниот пријател и дека ја искористила неговата кредитна картичка за да плати закупнина што чини повеќе од 5.000 долари “.

Адвокатот на Хенкс, Марти Сингер се огласи по скандалот:

„Ден откако Чет Хенкс се судри со Кијана Паркер за кражба на пари од неговата сметка, Паркер се појави придружувана од огромен човек кој носеше пиштол и го нападна Чет со нож, предизвикувајќи му обилно крварење. Сè е во видеото кое ја раскажува целата приказна. Нејзините обвинувања за злоставување се целосно лажни и измислени“, заклучи адвокатот.

Слични содржини