Следниот глобален конфликт би можел да избие во Тајван, изјави Ерик Трамп, син на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
„Следен е Тајван“, напиша тој на социјалните мрежи.
Според него, секој поголем вооружен конфликт во светот е последица на слабоста на САД.
Taiwan is next…
Every global conflict we are witnessing is the consequence of the weakness of American leadership.
— Eric Trump (@EricTrump) October 8, 2023
Израел беше погоден од големи ракетни напади од Појасот Газа во саботата. Прес-службата на израелската армија соопшти дека биле истрелани повеќе од три илјади ракети.
Покрај тоа, борците на Хамас, по масовните ракетни напади, навлегоа во пограничните области на југот на земјата.
Военото крило на палестинското движење во саботата ја објави операцијата „Поплава Ал Акса“ против Израел.
Израелските одбранбени сили најавија започнување на одмаздничката операција „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во обраќањето до нацијата, рече дека земјата е во воена состојба и рече дека наредил широка мобилизација на резервите.