Сирија: 19 лица загинаа во американските воздушни напади врз проиранските сили

од Stefanija Kuzmanovska
117 прегледи

Деветнаесет лица загинаа во американски воздушни напади врз позициите на проиранските борци поврзани со Револуционерната гарда на Иран во источна Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.

Воен набљудувач рече дека во американските воздушни напади загинале тројца сириски војници, 11 сириски борци во провладините фракции и пет несириски борци поврзани со владата, пренесува „Ројтерс“.

Шефот на набљудувачката мисија во Сирија, Рами Абдел Рахман, не можеше да ја прецизира националноста на жртвите од американските воздушни напади.

Слични содржини