Бегалецот од Сирија Антонио Сулејман стана ѕвезда во филмовите. Мажот учествува во филмови за возрасни, откако престојува во Германија. Историјата на младиот човек е објавена во Daily Mail.

Како што раскажува весникот, 19-годишниот Сулејман пристигнал на 15-годишна возраст во Германија со своите родители. Според зборовите на Сириецот, тој секогаш сонувал за кариера во порно индустријата, но во неговата татковина слична “професија” е целосно забранета.
На младиот маж му се допаѓа слободата која му ја дава Европа. Тука тој веќе се снимал во неколку продукции. Најпознатата од нив е “Арапскиот крал” (The Arabian King).
Антонио сепак се жалел дека и во Германија не му даваат мир некои пуритански расположенија на поранешните негови сонародници. Земљаците го наоѓале во социјалните сајтови, осудувајќи го и му пишувале заканувачки пораки.
Како одговор на овие предрасуди Антонио ги нудел моралистите да не напаѓаат него, туку “оние кои се задоволни од атентатите во Франција”.
Сулејман тврди дека со својата “креативност” сака да ги уништи стереотипите на Европејците за мигрантите од исламските земји.