СИРИЗА го предлага епископот на Тирана за грчки претседател

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Името на Архиепископот на Тирана Анастасиос се тврди дека е додадено во листата на можните кандидати за претседател на Република Грција, пишуват грчките медиуми. Членовите на СИРИЗА поврзани со Атон се обидуваат да го убедат архиепископ Анастасиос да стане следниот грчки претседател.

20150204.ddmoiwanfh

Досега Анастасиос одбивал, повикувајќи се на социјалниот статус и Конгрегацијата во Тирана како причина за својата желба да остане во Албанија.Сепак партиски членови ќе продолжат да вложуваат напори за да се промени мислењето на архиепископот. Владата се обидува да понуди неполитички лице за претседател по одбивањето на еврокомесарот Димитрис Аврмопулос. Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија Анастасиос е роден на 4 Ноември 1929, во Пиреја. Тој бил пред тоа епископ, професор на Универзитетот во Атина и генерален менаџер на апостолската епархија на Грчката Црква.Студирал на Богословскиот факултет на Атинскиот универзитет, каде што добил титула  во 1952 година Заедно со богословските  студии, тој учествувал во православни младински организации. Во 1960 година е ракоположен за ѓакон и свештеник. Во 1964 година станува архимандрит. Во исто време започнува мисионерска дејност во Африка, главно во Уганда. Таму ги научил локалните дијалекти, но беше принуден да се повлече поради болест од маларија.Продолжува со постдипломски студии по филозофија во Германија (1965-1969) како стипендист на германската фондација “Александар фон Хумболд”. По враќањето во Атина, организира и раководи со  мисионерскиот Центар и православен центар на Црквата на Грција (1971-1975 година). Во 1972-ра година зазема позицијата на професор по историја на религиите на Универзитетот во Атина, директор на Одделот за религија и социологија и декан на Богословскиот факултет на Универзитетот на Атина. Тој исто така бил генерален менаџер на апостолската епархија на Грчката Црква. Во 1981 година, по оздравувањето  оди повторно  во Африка, овојпат како епископ на Источна Африка. Под негова надлежност се  вклучени Кенија, Уганда и Танзанија, каде ја предводеше операцијата на Црквата. По 10 години, се враќа во Атина. Анастасиос зборува француски, германски и англиски јазик, и уште латински, шпански, италијански, руски, свахили и албански јазик.