Сиромашни, ограбени, предадени… Ирина Шајк прозборе за тешкото минато на нејзиното семејство

од Elena Daskalova
436 прегледи

Ирина Шајк даде ексклузивно интервју за мартовското издание на магазинот Вог и откри детали за своето детство кои јавноста досега не ги знаеше.

Таа останала без татко на своја 14-годишна возраст и за кратко време сфатила дека нејзе ѝ припаднала улогата на глава на семејството. Тие одгледувале зеленчук во своја градина и имале резерви за целата година.

Кога имала шест години нивното семејство било ограбено. Тројца маскирани мажи насилно влегле во нивната куќа. Истрагата покажала дека ги пратил најдобриот пријател на нејзиниот татко.

Во однос на ќерката, признала дека сака да ѝ биде пример за силна жена и да ја научи дека храната, облеката и подароците се заработуваат, а не ги добива затоа што ѝ следуваат.

Слични содржини