Сирски: Напредувањето на нашите војници во правец на Бахмут е прв успех на офанзивните операции

од Stefanija Kuzmanovska

Командантот на копнената војска на вооружените сили на Украина, генералот Олександр Сирски изјави дека напредувањето на украинските сили во правец на Бахмут е првиот успех на офанзивните операции за време на одбранбената операција на Бахмут.

Сирски истакна дека тоа е само делумен успех и дека операцијата за одбрана на Бахмут продолжува, објави министерството за одбрана на Украина на својот профил на Телеграм.

Според него, донесени се сите одлуки неопходни за одбрана и се разработени сите можни сценарија со командантите на борбената линија, пренесува „Интерфакс Украина“.

„Последните неколку дена покажаа дека можеме да одиме напред и да го уништиме непријателот и во такви исклучително тешки услови. Се бориме со помалку ресурси од непријателот. Во исто време успеваме да му ги расипеме плановите“, изјави Сирски.

Слични содржини