Сируп од коприва за прочистување на крвта

од desk4
478 прегледи

Овој сок е добар против реума и артритис, а бидејќи копривите се богати со железо одличен е во броба со анемијата. Можат да го пијат и оние кои имаат проблеми со астма и кожа.

Исто така се верува дека спречуива респираторни и уринарни проблеми, но и губење на косата. Не морате секогаш да го разблажувате со вода, можете само да ги полеете приготвените американски палачинки. Еве две рецепти:

  1. Едноставен сируп
    Потребно е: 1 кг листови од млада коприва, 2,5 л вода и шеќер по 500 г за секои 500 мл течност
    Измијте ги и исцедете ги листовите коприви па потопете ги во вода и крчкајте ги на средна температура околу еден час. Процедете, додајте го шеќерот и мешајте додека се растопи. Добиениот сируп ставете го во стаклено шише и добро затворете го.

    2. Со мед и лимон
    Потребно е 400 г свежи листови од млада коприва, сок од шест големи лимони, 800 г шеќер, 5 полни лажици ливадски мед и 1 л филтрирана вода.
    Има еден трик, ако не ви се допаѓа идејата со многу шеќер, можете да го замените со мед, но само дел. На пример 300 г заменете ги со 1 кг мед, но не го варете, туку додајте го во разладен сируп. Вака добиениот сок има пократок рок на траење.

Копривите измијте ги и исечкајте ги. Ставете вода во тенџере и додајте го шеќерот, па ставете да се вари со повремено мешање. Ако се направи пења, отстранете ја со лажица. Копривите ставете ги во керамички сад и прелејте ги со сирупот. Поклопете со чинија и потиснете со тешка чаша или тегла со вода. Оставете да стои 10 минути. Додајте го лимуновиот сок и мед. Со раце исцедете го сокото и одвојте ги копривите. Добиениот сируп процедете го низ цедилка, по потреба. Ставете го сирупот во стерилизирани шишиња, затворете и и ставете ги на ладно и темно место. Ако правите сок помешајте 1/4 чаша сируп со 3/4 вода. Сирупот може да трае шест месеци.

Слични содржини