На ѕидовите на реакторите во Чернобил пронајден е организам кој не само што е отпорен на зрачење, туку и се храни со него. Уште во 1991 година научниците забележиле необичен вид на црни габички кои растат на ѕидовите на реакторите, а научниците откриле дека радијацијата навистина ги привлекува.
Пресудно за да се разбере како габичките преживуваат во исклучително неповолни услови е што во нив имало голема количина на меланин.
Овој пигмент исто така се наоѓа и во човековата кожа за да се заштити од УВ зраците. Но чернобилската габичка Криптококус неоформанс ја користи нешто поинаку – ја апсорбира радијацијата и ја претвора во хемиска енергија, нешто слично на фотосинтеза во билките.