„Сите да се вакцинираат, тоа ни е единствен спас. Јас се вакцинирам за да можам да ги видам внуците“ вели повозрасна сограѓанка која прими вакцина против ковид 19.
Од средата кога започна масовната имунизација на населението на над 77 годишна возраст со вакцината на АстраЗенека, па досега, на веб страната се пријавиле само околу 17 илјади граѓани. Во меѓувреме некои од пријавените не се ни појавија на нивниот закажан термин.
-Апелирам до сите граѓани над 75 години кои во моментов се приоритетна група да се вакцинираат. Вакцините се безбедни и ефикасни, но и единствен начин да се заштитиме, порачуваат граѓаните кои веќе ја примија вакцината против ковид 19.