Сите да знаат “зошто”! 5 муслиманки зборуваат за облеката на плажа

од desk3
132 прегледи

Врховниот административен суд на Франција ја отфрли забраната на Буркини, но многу француски градови не сакаат да се усогласат со судската одлука и продолжуваат да го поддржуваат скандалот околу контроверзноата муслиманска облека на плажа. Австралиската дизајнерка и создателка на Буркина Ахеда Занети сепак не смета дека тие треба да се гледаат како репресија или исламски симбол.

0193998001472722197_560392_292x224
“Тоа е само костим за капење за некој кој сака да се појави на плажа во скромна облека, или за некој кој има рак на кожата, или за млада мајка која не сака да носи бикини”, вели таа. “Гардијан” праша 5 муслиманки зошто носат Буркина за да ја изложи гледната точка на самите жени, кои се предмет на бурни дискусии низ цела Европа си недели.

“Јас сум муслиманка и се гордеам да бидат препознаена како таква”

Живееме во материјалистичко општество во кое луѓето се многу површни и ангажирани за својот изглед. Избирам да се облекувам на овој начин, бидејќи тоа ми дава слобода. Не треба да се грижам дека чудни мажи ќе го гледаат моето тело, ќе ме гледаат како сексуален објект или дека некои луѓе ќе го оценуваат или ќе го критикуваат телото и мојата облека.
Се придружувам на исламскиот дрес код, кој се нарекува џилбаб. Тој бара да се покриеме со облека од главата до нозете, да ги изложување на виделина само рацете и лицето. Облекувањето на тој начин е заповед на Алах. Јас сум муслиманка и се гордеам да бидам препознаена како таква, без разлика што мислат луѓето. Луѓето реагираат на различни начини, во зависност од она што се случува во светот. Некои велат дека треба да се вратам во мојата земја, но веќе 3 генерации од моето семејство се родени тука, во Лондон, па тоа ме прави повеќе Британка од половина луѓе кои ми го велат овие работи. Забележувам дека само луѓе од етничките малцинства седнуваат до мене во метрото. Другите мрморат нешто под носот. Но јас сум образована муслиманка која работи и чие цело семејство е христијанско. Ги плаќам своите даноци како и сите други, така што луѓето треба да престанат да судат за книгата по корицата . Живееме во мултикултурно општество. Монахињите се облекуваат како муслиманките, исто како и ортодоксните Евреи. И покрај тоа, никој не им прави забелешки.

Анонимна жена на 26 години, брокер од Лондон

“Никогаш не зависам од маж да ме натера да се чувствувам убава”

На плажа се држам кон долгите здолништа . Не пливам, но се шетам до морето и си играм со децата во водата. На јавни места носам хиџаб и ја покривам главата , заедно со абаја или некоја долга западна облека. Дома не носам хиџаб. Иронијата е дека хиџабот и скромната облека ме тераат да се чувствувам убава, кога го носам и повторно се чувствувам убава, но и кога го соблекува дома. Тоа е фундаментално разбирање дека со изборот на таква облека избирам да верувам дека Бог ме направил безусловно убава – никогаш не зависам од маж да ме натера да се чувствувам убаво. Се разбира, комплимент за надворешниот мој изглед од воспитан маж ме расположува и од време на време го поздравувам тоа, но поентата е дека не се чувствувам оштетено, ако поминувам незабележително меѓу непознати. Генерално реакциите на другите луѓе се или неутрални или позитивни. За среќа, никој никогаш немал негативен однос кон мене кога сум била на која и да е британска плажа.

Слични негативни реакции во принцип се ретки и гледам да ги избегнувам таквите места, на кои се сомневаат дека можам да бидам опсана. Сметам дека е моја религиозна обврска да носам хиџаб и да се облекувам скромно на јавни места. Сум избрала да верувам во Алах и да го прифатам овој дел од религијата . Да се облекувам на тој начин ме тера да се чувствувам значајно и ми се допаѓа тоа чувство. Не ме тера да се чувствувам морално “над” останатите, бидејќи не гледам на хиџабот како на апсолутно објективен маркер за тоа дека си добар. Во Куранот има толку многу примери кои покажуваат дека срцето е во основата на човековата вредност, затоа не треба да го судиме степенот на вредност на останатите луѓе. Ова верување е валидно за сите толкувања на исламот – дека само Алах може да го суди срцето.

Ајша, 29 години, Бирмингем

“Не сакам да сум плен за мажите”

Изборот на облека треба да внесува почит кон мене. Тоа е моето тело и јас треба да имам право да се грижам за секој дел од него, кој ќе посакам. Претпочитам Буркини, бидејќи тие ми даваат сигурност и удобност. Не сакам да сум плен за мажите. Сингапур е демократска држава и власта ги почитува правата на секој поединец. Луѓето и државата не се заинтересирани за она што ќе носиш – бикини или Буркина. Тие не се мешаат во изборот на облека. Секогаш се чувствувам слободна да носам Буркина на плажите, базените и одморалишта во Азија. Луѓето не ме гледаат поинаку. Франција отсекогаш била земја, за која се сметало дека ги почитува личната слобода и права. Но последните настани покажуваат дека правата на малцинствата се потиснати и луѓето не можат сами да избираат облека. Изгледа дека мнозинството ги наметнува со сила своите идеологии на малцинството. Тоа не е слобода.
Фафа, 33 години, Сингапур

“Не сум жртва, никој маж не ме тера да се облекуваат на тој начин”
Се обидувам да се облекувам скромно според барањата на Куранот, па на плажа носам нешто што не противречи на мојата вера. Носам сè што се одредува како скромно облека – фармерки со каиш до долги фустани . Сакам обоена облека и мојата единствена желба е тие да не се премногу тесни и да го отцртуваат моето тело. Обично купувам една големина поголема облека. Не покажувам друго, освен лицето, рацете и стапалата. Имам пријатели кои носат Буркина и се задоволни. Тоа е дел од нашите религиозни обврски. Дома, природно, дрес кодот ми не е толку строг. Обично носам хиџаб, но ако сум на собир само со жени, сум слободна, бидејќи нема опасност да се сметам како сексуален објект.

Се облекувам така поради тоа што ја сакам моќта која ми дава. Никој маж не може да ме гледа или да ме понижува или да ми подсвирква провокативно. Не сум невидлива, чекорам со високо крената глава. Не сум жртва, никој маж не ме тера да се облекувам на овој начин. Ниту на татко ми, ниту на браќата ми е гајле како се облекувам. И никогаш не мислам лошо за жените кои се облекуваат различно. Религијата ми бара да се покривам и да сум сексуален објект единствено за својот сопруг. Повеќе од радосна сум да ја следам оваа заповед. Луѓето реагираат различно на облеката. Некои само си мрморат под носот, други се непријателски расположени. Трети едноставно гледаат, а четврти не обрнуваат никакво внимание. Секогаш ја чувствувам потребата да се однесувам добро, особено кон негативно настроените луѓе. Се разбира, имам моменти во кои сакам да им возвратам со навреда, но се сетив за прекрасниот пример на пророкот Мухамед, кој возвраќаат на непријателите со добро.

Амер, 36 години, Јоркшир

“Алах ми заповеда да сум скромна”
Ми се допаѓа да носам Буркина. Како муслиманка Куранот ми препорачува да не се облекувам како останатите жени не-муслиманки. Ние, муслиманите, веруваме дека овој свет е само привремена стапица на задоволството. И тој не искушува. Алах ми заповеда да сум скромна и секогаш да носам хиџаб. Значи се покриено,а единствено моите раце да се гледаат кога сум во друштво на жени од семејството. Јас сум бела Британка, која го прифатила исламот. Можам да бидам и Британка, и муслиманка. Иако сум израсната, носејќи нормална облека за капење, транзицијата кон Буркина не беше тежок. Не е нешто различно од тоа да носиш шорцеви и горен дел со долги ракави. Дополнителна предност е дека Буркината ме чуваат од изгореници, кон што сум предиспонирана поради белата кожа. Ми фрлале и по некој подолг поглед, но ништо не е во споредба со реакциите кога носам никаб. Но јас сум голема девојка, ќе го преболам. Можам да се расправам со секој кој тврди дека знае повеќе од мене за Куранот.