Градоначалникот на Благоевград, Илко Стојанов во пресрет на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ истакна дека сите македонски граѓани се добредојдени во градот.
-Благоевград традиционално има добри односи со општините во Северна Македонија и го гради ова партнерство во духот на правичност и разбирање. Луѓето од двете страни на границите се исто така во многу добри односи. Благоевград отсекогаш имал дух на гостопримство и е центар на различни култури без да им се спротивставува. Сите македонски граѓани се добредојдени во Благоевград, се додека нашиот град не го претворат во поле на спротивставување, омраза и политичко изразување, вели Стојанов, пренесе „БНТ“.
Клубот е финансиран од Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада. Регистриран е во 2019 година од „Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права“.