Сите мислат дека Кајли Џенер е повторно бремена поради оваа ФОТОГРАФИЈА!

од Nikola Popovski

Кајли Џенер објави фотографија на Инстаграм на кои носеше комплет маица и хеланки со воен принт. На прв поглед, многу обична фотографија, но сепак предизвика многу реакции, а прашањето беше само едно, дали таа е бремена.

Во коментарите, нејзините следбеници започнале дискусија за тоа дали Кајли можеби е бремена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

„Дали си бремена?“ гласел еден од коментарите. Кајли не одговорила на ова, а некои од следбениците напишале дека им се чини дека е бремена, додека други одговориле дека тоа сигурно не е точно и дека веќе би се знаело доколку е така.

„Таа не би можела да ги сокрие вестите“, напишал друг корисник на Инстаграм.

Инаку, Кајли ја има ќерка Сторми, која ја доби со раперот Тревис Скот. Двојката ја прекина двегодишната врска во 2019 година и се согласија за заедничко старателство.

Во последно време Кајли и Тревис повторно се дружат и објавуваат заеднички фотографии, поради што нивните следбеници почнаа да се сомневаат дека се смириле.

 

Слични содржини