410
Сите номинирани на Оскарите, вклучувајќи ги актерите, продуцентите, режисерите, композиторите, кинематографите, сценаристите и т.н., кои нема да добијат статуетка, ќе добијат торби со вредни подароци.
Ова е вообичаена пракса за секое доделување на значајни филмски награди, истото се случува и на Еми и Греми. Оваа година се издвоени околу пет милиони долари, а една торба со подароци вреди 215 илјади долари.
Во неа може да се најдат ваучери за крстарење, потоа за престој во луксузен хотел, како и луксузни козметички производи, чоколади, бонбони, накит или некое парче облека. Подароците ги обезбедува маркетинг агенцијата Дистинктив асетс.