Сите од Тотенхем работат за тоа Кејн да стане голгетер на сезоната

од Vladimir Zorba

Раководството на Тотенхем започна кампања за зголемување на погодоците во противничките мрежи на Хари Кејн.

Шефовите на „петлите“ испратија писмо до Премиер лигата, вториот гол при победата над Стоук Сити (2:1) да биде запишано на ѕвездата на тимот.

Официјално, Кристијан Ериксен беше автор на голот. Според „Скај Спортс“ одлуката на Тотенхем е донесена по гледање на многу повторувања и од различни агли. Од нив станува видливо дека Кејн ја допира топката пред нејзиното влегување во голот.

Хари Кејн води битка за титулата топ-стрелец во Премиер лигата и до моментов има 24 погодоци, откако заостанува пет зад Мохамед Салах од Ливерпул.

Слични содржини