Сите одговорни актери, да се вклучат во реформите за новото модерно општество

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Власта опозицијата и судството и другите институции треба да работат на создавање модерно општество кое добро ќе функционира за добро на сите граѓани без оглед на нивната припадност.

 

По сите настани што ги посведочив во оваа земја, драго ми е што можам да видам една нова динамика на настани насочени кон подобрување на животот на сите граѓани во земјата.

Мојата порака денес до сите е да се сконцентрираме на задачите што претстојат.

Сите одговорни актери, а тука ги вклучувам и опозицијата и судството и другите институции треба да работат на создавање модерно општество кое добро ќе функционира задобро на сите граѓани без оглед на нивната припадност.

Ова го порача еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан на заедничката прес­конференција со премиерот Зоран Заев по присуството на тематска владина седница посветена на итните реформски приоритети за евроинтеграциите.
Еврокомесарот нагласи дека и на средбите со лидерите на пратиите застапени во Парламанетот ќе им порача дека за разлика од минатото дебата очекува да се води во институциите, односно во Собранието, а ја поздрави и подготвеноста на Владата да работи соопозицијата за прашањата за ЕУ­интеграциите, за што е вели потребен национален консензус.