„Сите прават грешки“: Медицинската сестра која тепаше старица јавно се извини

од Stefanija Kuzmanovska
341 прегледи

Здраво, јас се викам Аурона Пељај, полицијата ми дозволи да го напишам ова и јавно да се извинам за тој одвратен гест што го направив вчера. Сите прават грешки, објави на својот Фејсбук профил медицинската сестра која безмилосно тепаше старица сместена во дом за стари лица во Пеќ.

„Официјално му се извинувам на семејството и на сите Албанци“, додава Пељај во своето јавно извинување.

Основното обвинителство во Пеќ им одредило едномесечен притвор на трите медицински сестри кои ја малтретираа и тепаа старицата во старскиот дом „Оренда“, јавува „Кљан Косова“.

Притворот обвинетите ќе го поминат во затворот во Липљан.

На видеото кое во средата се појави во јавноста, се гледа како медицинската сестра Аурона Пељај удира и тепа беспомошна старица, како и уште две медицински сестри Алтина Реџепи и Ремзије Куќи кои го снимиле целиот настан и не ѝ помогнале на старицата.

Главната обвинета во полиција изјавила дека тоа го направила во самоодбрана.

Слични содржини