Сите предности на кокосовото масло и за што да го користите

404 прегледи

Во светот на убавината кокосовото масло е вистинско магично стапче. Многу експерти и мејкап артисти со овој еликсир ги имаат заменето многу козметички препарати.

Нетретирано, по можност органско, кокосово масло е совршено како масло за масажа, лосион за тело, нежно, хидрантен пилинг, средство за чистење на лице и средство за отстранување на шминка и балсам што длабоко ја храни косата. Овој природен еликсир дури може да ги замени кремите за бричење. Додека ги бричите нозете или пределот на пазувите, тријте ја кожата со масло од кокос. Покрај своето антибактериско дејство, совршено ја смирува иритираната кожа, оставајќи ги нозете мазни, сјајни и хидрирани, но не и мрсна, веднаш по бричењето.

Кокосовото масло продира во косата подлабоко од минералното и сончогледовото масло и длабоко ја регенерира и го спречува губењето на протеините

Природно ја рефлектира светлината и подмладува

Сите препарати базирани на кокосово масло, кои содржат пигменти што рефлектираат светло, ќе го освежат вашето уморно лице во секој момент. Поради неговите својства, кокосовото масло е составен дел од низа природни козметички препарати.

На косата се ставаат две капки кокосово масло

Ставете малку масло на дланката на вашата рака и размачкајте го над вашата коса и раширете со чешел од скалпот до врвовите. Завиткајте ја косата и ставете капа за туширање на главата и оставете го маслото да дејствува преку ноќ и наутро измијте ја косата.

Едноставен пилинг за тело

Истопете 1/2 лажица кокосово масло и прелијте го преку шолја кафен шеќер или сол, смесата добро измешајте ја. Ќе добиете природен пилинг кој ја хидрира кожата.

Ги лекува исушените раце

кокосовото масло има магично дејство на кожата на разете која е хронично исушена од честото миење садови. Затоа, мало шишенце со кокосово масло ставете покрај садоперот, па кога ќе завршите намачкајте ги рацете. Тоа ќе помогне кожата да ја задржи влагата па рацете ќе ви бидат меки и мазни.

Длабинска храна за кожата

Кокосовото масло ја подобрува хидратизацијата и го намалува губењето на влажноста. Тоа може да ги замени многу скапи лосиони за чистење на лицето. Со кружни, масирачки движење мачкајте го маслото на лицето и вратот, а потоа избришете го со сува вата.

Ја брише шминката и ја освежува кожата

Кокосовото масло совршено е за бришење на шминката. Малку масло ставете на вата и избришете ги очите, трепките, па измијте. Освен што ќе ја избрише шминката, маслото длабински ќе хидратизира.

Слични содржини