334
Напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус е предложен на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, пренесува шпанското радио „Кадена Сер“.
„Граѓаните“ сакаат да се разделат со Бразилецот и бараат за него нов тим надвор од Англија, бидејќи не сакаат да засилат директен конкурент во Премиер лигата.
Тој исто така сака да го напушти Сити бидејќи сака да добие поголема минутажа за да биде во најдобра форма за претстојниот Мундијал.
Двата шпански тима не дале дефинитивен одговор на овој предлог и се уште ја разгледуваат таквата можност.
Жесус има договор со англискиот тим до летото 2023 година. За напаѓачот најсилен интерес има од Арсенал.