„СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА“: Трамп се огласи за настаните во Белорусија

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп, оцени денес дека ситуацијата во Белорусија е ужасна и посочи дека Вашингтон внимателно ги следи настаните во таа земја, пренесува Ројтерс.

Ова е прв коментар на претседателот на Соединетите Американски држави за состојбата во Белорусија.

Претседателските избори се одржаа во Белорусија на 9 август, на кои, според официјалните податоци, досегашниот претседател Александар Лукашенко оствари убедлива победа.

Оттогаш, во Белорусија продолжуваат протести, барајќи Лукашенко да си даде оставка, затоа што опозицијата смета дека имало кражба на гласови на претседателските избори.

Слични содржини