СЈО бара мерки за претпазливост за Ивона Талевска

од Vladimir Zorba
296 прегледи

Специјалното јавно обвинителство бара мерки за претпазливост за уредничката на „Вечер“, Ивона Талевска за случајот „Тифани“.

Доколку, судот и одреди таква мерка, тоа значи дека обвинетата мора да се јавува повремено на одредено службено лице или кај надлежен државен орган, како и одземање на патната исправа.

 Случајот „Тифани“ е за затајување данок против едно физичко лице, управител на „Смарт Центар“ ДООЕЛ и „Смарт груп“ ДООЕЛ. Правните лица го оштетиле буџетот за 37 илјади евра, а осомничената за 16 илјади евра. Во 2014 година сопственик на фирмата „Смарт груп“ ДООЕЛ била мајката на Ивона, Лимба Талевска.

За случајот „Тотал“, побаран е притвор за Драган Павловиќ Латас.

„Тотал“ – даночно затајување на сопственикот на Тотал, Тотал медиа центар и Медиа макс. Фирмите не платиле данок од над 120 илјади евра, а обвинетиот 63 илјади евра.

Обвинителката Катица Јанева најави дека очекува сите обвиненија да се процесуираат во итна постапка.