СЈО бара ново замрзнување имот

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Специјалното јавно обвинителство поднесе барања до судот за обезбедување на имот поврзан со предметите „Триста“ и „Талир“.
Во врска со предметот „Талир“ за имотите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, СЈО поднесе ново барање до судот за  забрана за отуѓување и оптоварување на дел од недвижен имот кој потекнува од извршено кривично дело. Овој пат, велат од СЈО, ги земале во предвид укажувањата на судот искажани во одлуките со кои беа одбиени првичните барања за обезбедување на имот.
За предметот „Триста“ во кој се сомничи помошник-министер од МВР за извршена јавна набавка на 300 возила за министерството, СЈО му предлага на судот да определи привремена мерка и тоа забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на осомничениот. Овој предлог следува откако е пријавено имотно – правно побарување од страна на оштетено лице.