СЈО демантира поврзаност со СДСМ

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Специјалното јавно обвинителство преку соопштение најостро ги демантираше наводите за поврзаност на обвинителството со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, искажани во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во оваа прилика укажуваме дека ова Јавното обвинителство, како независна и професионална институција, е формирано со Закон за кој во Собранието на Република Македонија гласаа вкупно 111 пратеници, вклучително и пратениците од партијата ВМРО-ДПМНЕ“ се наведува во краткото соопштение од СЈО.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со внимание и одблиску ги следеле како што напишаа тенденциите на партискиот огранок на СДСМ наречен СЈО во случајот со обидот за “незаконско одредување притвор на сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан“.

„ВМРО-ДПМНЕ ги предупредува судиите, независно дали се под притисок на СДСМ, или пак од било која причина сакаат да го задоволат Зоран Заев и неговиот сценарист, дека треба да работат согласно законот и Уставот и дека не смеат да се претворат во политичка алатка на СДСМ и СЈО. Секое незаконско работење ќе подлежи на одговорност, и секој во оваа држава треба да е еднаков пред законите, вклучително и судиите“, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ./RFE