Во 13 часот првоосмничениот во „Тврдина“ Горан Груевски, началникот на Петтата управа, ќе дојде во Кривичниот суд за да даде исказ, ова го соопшти специјалната обвинителка Катица Јанева, која преку телефон била известена. СЈО очекува да биде повикано во судот. На прес конференцијата која е во тек  е кажано дека тој уште утрово се пријавил во суд ,за што од СЈО се изненадени,  зошто тој дури сега е пријавен  кај нив телефонски дека е во суд, а ако бил од утрово тоа е недозволиво бидејќи   единствено тие  како обвинителство се надлежни за овој случај

сјооо

Беше кажано дека судија на претходна постапка не се согласувал со барањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) доставено за издавање наредба за претрес во дом на осомничениот Горан Груевски, со што предметот се доставува на натамошно постапување пред Кривичен совет при овој суд, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1.

Специјалното обвинителство претходно доставило барање до судијата во претходна постапка, да се даде налог за претрес во домот на Груевски со цел да се обезбедат докази. 

Судија го одбил барањето, по што СЈО побарало лишување на Груевски од слобода, затоа што сметаат дека постојат основи за определување притвор. 

На денешната прес-конференција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева соопшти дека СЈО отвора нов предмет под називот „Тврдина“, кој се однесува на заштита на приватноста со нелегално прислушување.Предвидената казна за овие службени злоупотреби е од 5 до 20 години затвор.Обвините си двајца началници на УБК, или вкупно 5 лица.

сјооо

За време на пресот е соопштено дека првообвинетиот началник на УБК Горан  Груевски се јавил дека  во 13 часот ќе дојде во судот на распит на што се бара да присутвиваат и специјалните обвинители на Јанева  . Тој вчера не беше пронајден од полицијата и СЈО, а судот одби да дозвли претрес и апсење на првообвинетиот .

 На прес конференцијата е соопштено  дека  истрагата опфаќа сегашни и поранешни фукционериод МВР и УБК. Двајца  осомничени се началници на оддели во УБК затоа што уништиле два система за следење на комуникациите, а трето осомничена е  и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Вкупно петмина осомничени.

– Сета опрема на 28.03.2015 е уништена. Системите за следење на комуникациите се товарени во возила на МВР и се однесени на отпад на старо железо. Ставени биле во преса и пресувани – рече обвинителката Ленче Ристовска денеска на прес конференција.лена

ЈАнкуловска  во првта половина на 2015 дозволила уништување на системи за следење на комуникациите како застарена опрема. Висината материјалната ште се проценува на 10 милиони евра

За утврдување на вредноста на ситемите, СЈО ги обезбедила документите со кои е набавена, опремата. СЈО бара  и декласификција и на други акти од УБК, за да ги потврдат основаните  сознаија и сомневања дека и други лица надвор од МВР ги користеле прислушувањата во корист на трети лица

Делото го сториле веднаш откако Судот ја донел одлуката дека незаконското следење на комуникациите е направено со капацитетите во МВР. Имаме релеванти докази за се она што го изнесуваме .Водиме многу преистражни постапки изјави Специјалната обвинителка  Катица Јаанева , и сигурни сме во тоа што го тврдиме.

Имено првоосомничениот со цел да прикрие други лица издал усна наредба до други организациони единици во МВР да се уништи техничката опрема со изговор дека е застарена.

Во врска со објавувањето на приватни телефонски разговори на сегашни и поранешни функционери, обвинителката Катица Јанева денеска ги повика засегнатите да дојдат во СЈО за да бидат поведени соодветни кривични постапки.

Таа исто така ги повика и сите оние кои поседуваат вакви снимки да ги достават до Обвинителството.

– Горда сум да кажам дека СЈО е првата институција во РМ која воспостави соработка меѓу правната полиција, истражителите и јавните обвинители. СЈО како тим на индивидуалци покрај капацитетот поседуваат и висок степен на одговорност, сплотено ќе работат во спроведување на нашата мисија која ни е единствена цел, потенцираше Јанева.

 

 

 

Слични содржини